Во сабота директен пренос од Радовиш на Мнет ТВ и на каналот Мнет Спорт

Тешките временски услови и силните снежни веења беа причина за неодигрување на два натпревари од 20 коло во рамките на ВМФЛ – Исток. Во Радовиш се одложи натпреварот помеѓу Плачковица и Кит Го Пехчево а во Могила требаше да се одигра мечот Победа – Тиквеш. Со одлука на ФФМ овие два натпревари ќе се одиграат во сабота 27 март. Поради квалификациските настапи на македонските селекции во овој викенд ќе нема прволигашки и второлигашки фудбал и затоа вниманието на домашната јавност ќе биде насочено кон овие два натпревари. Со цел да ја прошириме популаризацијата на фудбалот на истокот, спортската редакција се реши за реализација на директен пренос од натпреварот во Радовиш, Плачковица – Кит Го Пехчево на програмата на Мнет телевизија и на специјалниот спортски канал Мнет Спорт со почеток во 15.00 часот. Инаку во некомплетното 20 второлигашко коло се одиграа три натпревари во кои се постигнаа следните резултати:

  1. Слога – Брегалница 1:2
  2. Осогово – Каменива Саса 0:2
  3. Росоман – Кожув 1:4

Камерите на Мнет ТВ беа на стадионите во Виница и во Кочани од каде вршевме директни преноси од натпреварите Слога – Брегалница и Осогово – Каменица Саса. Во сабота љубителите на фудбалот крај малите екрани ќе имаат нова можност за следење на второлигашки меч на истокот со кој се повеќе добиваа на интерес и секако на поголема популарност и на играчите и на клубовите.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk