
Во наредните два месеца ќе се изведува доградбата и реконструкцијата на Ургентниот центар во Штип. Како што информираат од ЈЗУ КБ Штип, пациентите ќе бидат адекватно третирани и сите услуги велат дека ќе бидат достапни со претходно најавување и закажување во Дежурна амбуланта. Целта како што велат е подобри и помодерни услови и за пациентите и за вработените.
,,Во рамките на планираните активности за подобрување на условите за работа во наредните два месеца ќе се изведува доградба и реконструкција на објектот на Угрентен центар.
Напоменуваме дека пациентите ќе бидат адекватно третирани и сите услуги ќе бидат достапни со претходно најавување и закажување во Дежурна амбуланта.“, велат од болницата
Како што потенцираа оттаму пациентите ќе бидат адекватно третирани, а услугите ќе бидат достапни со претходно најавување и закажување во Дежурна амбуланта.
Иван Митев, М-Нет