Во ЖИВО на М Нет: Шкендија Арачиново – Брегалница, петок од 13 часот

13-тото коло на Втората лига го носи големот дерби меѓу непоразениот лидер Шкендија Арачиново и штипска Брегалница – пресметка на две екипи кои сакаат влез во Првата лига, а натпревар кој ќе го следите на М Нет телевизија преку директен пренос.

Тимот на Љупчо Марковски – Калц е единствениот непоразен тим во второлигашкиот шампионат, а тоа ќе биде предизвик за „сините“ на Влатко Костов да бидат првиот тим кој ќе го совлада составот на Шкендија, но од друга страна и да се доближат до врвот бидејќи имаат пет бодови негатива.

Во првата меѓусебна пресметка која носи голем влог двете екипи подготвени ќе ги бараат трите бодови.

Марковски и Костов кои се искусни статези, кои сигурно е дека мудро ќе тактизираат на теренот со цел да дојдат до победата која ја посакуват и едните и другите.

Триумф за Шкендија Арачиново ќе значи дека тимот на Марковски ќе биде есенски шампион, а пак победа за Брегалница ќе значи неизвесност до крајот за кој да биде есенски шампион.

Гледајте го големото дерби на двата конкуренти на М Нет телевизија, петок од 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет