
Денес со неколку натпревари ќе биде отворена првата рунда од новата сезона во Купот на Македонија.
Гледачите на М Нет телевизија ќе имаат можност да проследат еден натпревар од Купот на Македонија преку директен пренос од Валандово, каде на Градскиот стадион ќе се соочат третолигашот Победа и второлигашот Брегалница од Штип.
Повеќе од јасно е дека „сините“ на Влатко Костов ќе бидат големи фаворити за триумф и пласман во следната фаза, а за тимот на Победа кој по неколку години се враќа во Трета лига – Исток ќе биде можност повеќе за искуство пред стартот на новата сезона.
Натпреварот од Валандово меѓу Победа и Брегалница ќе можете да го следите преку директен пренос на М Нет со почеток од 16 часот.
Александар Ванев, М-Нет