Во ЖИВО на М Нет: Македонија ЃП – Детонит Плачковица, сабота 13 часот

Натпреварот од 12. коло на Втората македонска фудбалска лига меѓу Македонија ЃП и Детонит Плачковица ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија.

Дерби од средишниот дел на табелата на две екипи кои го делат деветтото место со по 12 бодови. Двете екипи имаат резултатска проблеми. „Лавовите“ на последните четири средби имаат пораз две ремија во низа и одново пораз, а на триумф чекаат од 10 октомври кога го добија Шкупи, а пак радовишани по двете ремија и двата порази ја добија Брера на домашен терен и освоија три многу важни бодови.

Победникот од овој дуел ќе биде ќе се зацврсти на средината од табелата и сигурно ќе има поголема бодовна дистанца од опасната зона, затоа е важен овој меч и за двете екипи, а трите бодови се од капитална важност.

Утрешниот преносот од стадионот во Ѓорче Петров на М Нет телевизија започнува во 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет