
Откако претходно од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип излегоа со реакција за, како што велат тие, небулозите со партиски вработувања, денес повторно потенцираа на истото со уште еден таков случај.
„На 2 септември директорката на ООУ „Тошо Арсов“ си го вработила својот син во училиштето со кое раководи, односно лицето кое беше отпуштено од ООУ „Ванчо Прке“ поради проневера на пари од учениците. Претходно директорот на ООУ „Ванчо Прке“ си ја вработи жена си, истото го направи и директорот на ООУ „Гоце Делчев“, а директорот на Казнено – поправниот дом Штип отиде чекор подалеку, па на сопствената сопруга и овозмоижи да стане директорка на Поштата во Штип. Ова се само дел од високите функционери на СДСМ во Штип кои без трошка свест и морал се погражија единствено за најблиските од семејството. Почитувани, очигледно е дека со СДСМ во Штип раководат само неколку фамилии, што значи дека ако граѓаните гласаат за СДСМ, не гласаат за проекти и напредок, туку за вработување на некој од фамилијата на раководството на оваа партија.“ – посочија од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
За ваквите неколкукратни обвинувања од страна на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, иако беше побарано, од ОО на СДСМ Штип не добивме одговор.
Ребека Спасова МНет