
Високи казни и обврска за плаќање на штетите за сите кои уништуваат јавна опрема, планира министерот за локална самоуправа Златко Перински. Како што посочи тој во денешната изјава целта е да се превенираат девијантните однесувања на граѓани кои што оштетуваат опрема поставена со парите на граѓаните. За таа цел Министерството за локална самоуправа предвидува имплементација на комуналните редарски служби во системски закон кој што ќе даде основа и обврска во иднина сите градоначалници да имаат систематизирано редарска служба.
,,Министерството за локална самоуправа предвидува имплементација на комуналните редарски служби во системски закон кој што ќе даде основа и обврска во иднина сите градоначалници да имаат систематизирано редарска служба, а тоа пак нам како креатори на локалната политика ќе ни даде можност заедно со останатите чинители на Владата интервенираме во останатите два закони кои што ја детерминираат оваа област, а тоа се законот за комунални дејности и законот за авна чистота, каде што се опишани практично сите оние казни во делот на оштетување или повреда на овие закони. Тука планираме да направиме одредени измени, да ги зголемиме соодветно казните и на тој начин пред се да превенираме девијантни однесувања од страна на нашите граѓани.“, рече Перински
Со ваквите закони, секој оној кој што ќе оштети јавна опрема, ќе биде задолжен финансиски во целост да ја врати инвестираната сума, додава Перински
,,Да ги зголемиме казните ои што практично треба да се издаваат кон граѓаните, да предвидиме соодветен механизам, оној кој што ќе оштети урбана опрема да може и фифнасиски да ја врати во целост инвестираната сума се со цел да се превенираат ваквите несоодветн однесувања. Комунална полиција не може да се воспостави во Македонија заради тоа што таа не може да се воспостави во законот за локална самоуправа. Полиција во Македонија се уредува со други закони. Тука не може ниту градоначалник, ниту министер за локална самоуправа да интервенира. Всуштината е да се интервенира девијантни однесувања на граѓани кои што оштетуваат опрема поставена со средствата или парите од сите нас како граѓани.“, додава Перински
Според министерот Перински, само на ваков начин би можело да се спречат несоодветните одесувња и да се создаде општа култура кај граѓаните.
Иван Митев, М-Нет