
Високи или реални цените на денешниот пазар во Штип – граѓаните со поделени мислења, на некому скапи, на друг дел реални, ама и едените и другите категорични да се купи најосновто, компир, кромид, зелка, морков, мандарини и јаболка, колку да се помине седмицата. Денеска дополнително граѓаните купуваа и јапонски јаболка, бидејќи како што велат сега им е сезона.
И денеска продавачите се жалат дека е слаба побарувачката. Велат и тие што купуваат, најмногу до два килограми. Децидни немаат сметка
Инаку, овој петок на пазарот се продаваше и домаша зимница, како ајвар, пинџур и жива салата, а потоа свежи јајца, круши, грозје, чаеви и многу традиционални зачини за во кујна.
Иван Митев, М-Нет