
Овој викенд ќе започне пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток со натпреварите од 10. коло. Во пролетниот дел Слога Виница ќе сака потврда на првото место и со тоа да дојде до посакуваната цел – бараж за можно враќање во Втората лига.
Слога Виница го има најквалитетниот тим кој без проблеми треба да ги помине натпреварите од пролетниот дел и да заигра во баражот. Во рамки на првото пролетно коло Слога во Виница го чека Малеш од Берово.
Останатите екипи ќе водат борба за што е можно подобар пласман на табелата, а од друга страна секако и за да се избегнат местата кои водат кон испаѓање.
На Градскиот стадион во Делчево ќе се соочат Брегалница против струмичка Тиверија, која е на дното од табелата, во Пирава соочување на Ударник и Карбинци, Светлост во Зрновци ќе биде домаќин на фаворитот Овче Поле од Свети Николе.
Поранешниот прволигашот Хоризонт Турново на стадионот „Кукуш“ ќе игра против Дојранско Езеро.
Александар Ванев, М-Нет