(Видео) Силно невреме синоќа повторно ги зафати селата во Општина Лозово

Силно невреме синоќа околу 23 часот повторно ги зафати селата во Општина Лозово. Најмногу штети се пријавени во Лозово и Дорфулија. Ова е второ невреме во оваа општина, после сериозните штети од минатата недела што ги предизвика силниот ветер во селата Милино и Сарамзалино. Надлежните се на терен и ги утврдуваат штетите.