Вечерва во два часот по полоноќ стрелките на часовникот се поместуваат за еден час напред

Од вечерва во два часот по  полноќ стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час напред, односно започнува летното сметање на времето.  На секои шест месеци стрелките на часовникот се поместуваат за саат напред или за саат назад во зависност од тоа дали започнува летното или зимско сметање на времето. Инаку, менувањето на времето односно поместување на стрелките од 2018 година требаше да биде укинато. Можеби ова е последно помесување на стреликите на часовникот. Часовниците во нашата земја се поместуваат двапати годишно, последниот викедн од март и последниот викенд од октомври. Летното сметање на времето ќе трае до октомври кога стрелките на часовникот ќе треба да бидат поместени за еден час наназад.

Лаура Стојанова М-Нет