Величенствен футсал натпревар со хуманитарен карактер и за првпат со директен пренос на Мнет ТВ

Осмото второлигашко коло во Футсал првенството на Македонија го одбележа локалнотото дерби во Штип помеѓу екипите на Астибо и на Мал Ајакс. Натпревар кој на предлог на нашата Мнет ТВ а кој беше прифатен од раководствата на двете екипи имаше хуманитарен карактер зa прибирање на подароци за децата од најранливите категории и беше директно пренесуван на нашата ТВ.

Гледачите во салата Тошо Арсов и особено сите оние покрај малите екрани можеа да уживаат во мајсториите на актерите на теренот а изненадувачки тимот на Астибо оствари висока победа изразена со резултат 9:1. Мора да се истакне играта на сите играчи на Астибо и особено на атрактивниот Дарко Алексовски со прекар Пеле – Неимар кој постигна два гола а беше асистент и на уште неколку. Одличните одбрани на голманот Пепи Давитков се доказ дека победата е превисока и дека идеални, но неискористени шанси имаа и играчите на Мал Ајакс. Стрелци на головите за Астибо беа: Дарко Алексовски и Иван Стојчев по 2, Левков, Божинов, Андов, Иван Николовски и еден автогол а единствениот гол за Мал Ајакс го постигна Дарко Димитровски.Еве ги комплетните резултати од ова 8 коло:

  1. Кеги Моби – Форца 1:1
  2. Астибо – Мал Ајакс 9:1
  3. Црешово Топче – Велешта – не се одигра
  4. Проект – Овче Поле 2:6
  5. Клими – Кардшлк 15:4
  6. Конзули – СЕЕ Универзитет ќе играат вечерва.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk