„Велигденски игри без граници“ во Штип – забава за сите генерации во ЗОО паркот „Бриони“


Општина Штип упати јавна покана до граѓаните да бидат дел од настанот „Велигденски игри без граници“, кој ќе се одржи на 11 април (сабота) со почеток од 12:00 часот во ЗОО паркот Бриони.
Настанот се организира во чест на големиот христијански празник Велигден, а програмата е осмислена да донесе радост, насмевки и забава за најмладите, но и за сите генерации. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во креативни игри, дружење и празнична атмосфера.
Од Општината потенцираат дека ваквите активности се одлична можност за заедничко поминување време, негување на традицијата и создавање убави спомени.
Организаторите ги повикуваат сите граѓани да присуствуваат и заедно да го одбележат празникот во духот на заедништво и позитивна енергија.