
Во среда ќе бидат одиграни полуфиналните реваншите од Купот на Македонија. Вардар е речиси во финалето бидејќи со три гола предност патува во Струмица каде ќе се соочи со Брера.
На првиот меч во Скопје екипата на Вардар со 3:0 беше подобра и така со една нога веќе е во финалето.
Понеизвесен меч ќе има покрај езерото каде ќе се соочат Струга Трим Лум и Шкендија. Првиот меч во Тетово меѓу овие две екипи заврши со 1:2 односно минимална предност имаат стружани.
Натпреварите се играат во среда со почеток од 16 часот.
Александар Ванев, М-Нет