Вардар Неготино убедлив против Тектилец УГД во Штип, Овче Поле славеше убедливо над Сокол Саса

По четирите победи во низа, Текстилец УГД го доживеа првиот сезонски пораз, откако во Штип загуби убедливо од Вардар Неготино со високи 25:36, во меч од 5. коло на Првата ракометна лига.

Тимот од Неготино имаше одлично отварање на мечот со серија од 0:4, но домаќинот успеа да се консолидира и да се врати на минус еден кога во 20. минута беше 8:9, но потоа тимот на Аце Станковски одново направи сериозна разлика и на полувреме замина со предност од 11:17.

Во вториот дел разликата растеше, а Текстилец не успеаваше да се враќа резултатски, на десет минути пред крајот на првиот дел гостинот имаше плус десет до 20:30, а на крајот победата беше потврдена со убедливи 25:36.

Кирил Миленков со осум гола беше прво име кај Текстилец, додека пак кај Вардар Неготино осум гола имаше Костадин Петров, а пак Мартин Димов имаше седум.

Преспа и Радовиш ги поделија бодовите откако двете екипи во Ресен одиграа 22:11 во единствениот меч на кој немаше победник од петтата рунда.

Овче Поле славеше убедливо во Македонска Каменица каде со 28:46 го декласираше дебитантот Сокол Саса. За домаќинот Мирче Ѓеоргиев одново со осум гола беше најдобар стрелец, а кај гостинот од Свети Николе со по седум голови се издвоија Теофил Јанев и Александар Димитров.

Аеродром тесно со 31:30 го доби тимот на Македонија ЃП, додека пак Пролет загуби од Илинден, откако гостинот направи изненадување и славеше со 28:33 над ланскиот суперлигаш.

Драчево Јуниор имаше убедлива победа од 43:25 над Јехона, а пак Партизан со
39:37 го доби Шампион.

Во однос на табелата на делба на врвот се Драчево Јуниор, Аеродром и Текстилец со по осум бодови, Пролет и Вардар Неготино го делат четвртото место со седум бодови, а по шест бодови имаат Македонија ЃП и Партизан за делба на шестото место.

Ланскиот суперлигаш Радовиш е на осмото место со пет бодови, а по четири имаат Овче Поле и Илинден и го делат деветтото место.

Преспа е на 11. место со три бодови, а по два бода имаат Шампион и Јехона, на последното 14-то место е Сокол Саса без бодови.

Александар Ванев, М-Нет