В четврток во Штип ќе се врши тереистичка дезинсекција за уништување на комарците

В четврток наутро во Штип ќе се прска против комарци. Како што стои во Известувањето од Општина Штип, преку овластена фирма ќе се спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 01 до 07 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување.

„Со дезинсекција ќе бидат опфатени зелените површини на општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналниот систем на територија на општината, урбаните населби и локалитети.“ – се вели во Известувањето од Општината.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, а во случај на неповолни временски услови, како ветер и дожд, дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Ребека Спасова М-Нет