Бугарскиот интернационалец Иван Минчев се приклучи на подготовките на ФК Брегалница во Пехчево

Спортскиот директор на ФК Брегалница од Штип, Емил Тодев денес информираше за ангаѓжман на нов фудбалер на штипските сини. На подготовките кои се одвиваат во Пехчево од денес им се приклучи бугарскиот интернационалев Иван Минчев, 30 годишен фудбалер кој игра на позицијата во среден ред и доаѓа од тимот на Берое а има настапувано и за бугарската репрезентација. Со ова се зголемува бројот на ново регистрирани играчи на Брегалница која по подготовките во Пехчево ќе замине на Златибор, каде што пак се планирани и првите контролни средби. Иван Минчев е третот засилување во Брегалница по доаѓањето на Даниел Мојсов и Антонио Азиновиќ а до крајот на преодниот рок се планирани уште неколку фудбалски имиња кои засега остануваат во тајност.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk