Бројот на позитивни случаи од Ковид расте, анкетираните штипјани чувствуваат последици

Последната недела за 50% е зголемен бројот на пациенти кои се позитивни со Ковид, покажуваат статистиките на ИЈЗ. Здравствените промени се многу препознатилви и многу често ги чувствуваме велат анкетираните штипјани кои посочиа дека секојдневно се соочуваат со симптоми кои се јавуваат како последица на КОВИД, кои изминатите неколку години е актуелна тема. Затнат нос, главоболка, замор и тахикардија се најчестите симтоми велат анкетиранките.

„Да остави и тоа ногу остави. Па се се поремети животот и организамот од вакцината, тоа е. Да и јас сега осеќам на кардиологија одам и со срцето се соочувам со проблеми, аритмија. Ја го помина тоа многу лесно. Малку чувствувам на замор. Секако дека остави. Па нос ми повеќе тече, друго ништо.Вакцини меѓутоа немаме проблеми и последици.“ – изјавиа анкетираните

Според податоци од ИЗЈ, за една недела регистрирани се 116 случаи на Ковид, а секој трет пациент е позтивен. СЗО алармира дека бројот на потврдени случаи со Ковид е зголемен во 84 држави во целиот свет, а во Европа процентот на позитивност од направени проценти е над 20.

Лаура Стојанова, М-нет