
Четири победници со по еден гол донесе 6. коло на Втора лига, два натпревари завршија без победници и без голови, а најголема победа имаше Брера Струмица со седум гола.
Беласица стигна до четвртото последователно реми и заборави да победува, откако одигра 0:0 против Еуромилк во Горно Лисиче. Иако „лисиците“ пред натпреварот останаа без тренер откако Јован Трајков си поднесе оставка, сепак тимот успеа да извлече бод во сезона каде повратникот во Втора лига ќе се бори за опстанок.
Осогово дојде до бод откако одигра 0:0 против Тетекс во Тетово, со што „жетварите“ од Кочани остануваат на претпоследното место со само два бодови и во седмото коло ќе ја бараат првата сезонска радост.
На М Нет телевизија го следевте во живо натпреварото меѓу Македонија ЃП и Работнички, каде „романтичарите“ славеа со голот на Андреј Кудијан, кој беше „џокер“ од клупа за тренерот Блаже Јанакиевски, со што во дербито на двата лански прволигаши и всушност скопско дерби Работнички беше подобар со минимални 0:1.
На минимална победа се радуваше и Новаци, кој со голот на Христијан Драгарски со 0:1 славеше над Кожуф во Гевгелија, а минимална победа забележа и Камјани совладувајќи го Детонит Плачковица со 1:0, а со тоа радовишани забележаа втор последователен пораз.
Во дербито на колото Пелистер славеше со минимални 1:0 над Охрид со што „рибарите“ го забележаа првиот сезонски пораз, а Пелистер изби на врвот од табелата.
Вчера, во Струмица беше комплетирано шестото коло каде Брера со убедливи 7:0 го декласираше Шкупи во дуел на два лански прволигаши, а кој натпревар го следевте во живо на М Нет телевизија.
Во четврток ќе бидат одиграни два натпревари кои беа одложени од второто коло. Детонит Плачковица ќе се соочи со Охрид, а пак Тетекс ќе игра против Работнички.
Потоа, ќе остане да се одигра натпреварот од петтото коло меѓу Работнички и Брера Струмица со што ќе го имаме конечниот изглед на табелата.
Двата натпревари во четврток може да донесат промени на табелата, како во долниот, средишниот и горниот дел. До четврток Пелистер ќе биде лидер со 14 бодови, Брера е втоар со 13 бодови, а пак Охрид е трет со 12 бодови. Доколку „рибарите“ слават во Радовиш тогаш ќе бидат на врвот од табелата. Беласица е на четвртото место со десет бодови, колку што има и Камјани кој е на петтото место. Работнички е шести со девет бодови, но има дури два натпревари помалку.
На делба на седмото место со по седум бодови се екипите на Новаци, Детонит Плачковица, Македонија ЃП и Кожуф, а од овие екипи радовишани имаат меч помалку. Со натпревар помалку е Тетекс кој се наоѓа на 11. место со шест бодови, а во зоната за испаѓање се Еуромилк со четири бодови, Осогово кој има два бодови и на дното без бодови е Шкупи.
Александар Ванев, М-Нет