
Денес се одиграа натпреварите од редовното 24 коло на Втората Македонска фудбалска лига – Исток. Во Кочани лидерот на табелата Брегалница од Штип извојува рутинирана победа против домакинот Осогово изразена со резултат од 0:2 (0:1). Брегалница во водство дојде во 33 м. со голот што го постигна Владимир Дујовски на одлична асистенција од Дарко Додев. Благодарејќи на одличните одбрани на голманот на Осогово Матеј Андов овој резултат остана до крајот на првото полувреме. Во второто полувреме Брегалница од повеќето шанси постигна уште еден гол и тоа во 68 м. Стрелец на голот за 0:2 беше Андреј Кудијан на одлична асистенција од Михаил Маневски. Со оваа победа Брегалница на три кола до крајот ја обезбеди шампионската титула и повторно се враќа во прволигашкото јато. Во идното коло во Штип на градски Брегалница ќе ја пречека екипите на Кожув, потоа гостува на Кит Го во Пехчево а во последното коло во Штип ќе има вистински шлаг – форд на сезоната со мечот Брегалница – Тиквеш. Еве ги комплетните резултати од ова 24 коло:
- Кит Го Пехчево – Каменица Саса 1:1
- Кожув – Тиквеш 0:2
- Росоман – Слога 1:2
- Плачковица – Победа 1:3
- Осогово – Брегалница 0:2
Табела
- Брегалница 64
- Тиквеш 55
- Кит Го П 42
- Кожув 35
- Каменица С 32
- Осогово 29
- Слога 27
- Победа 20
- Плачковица 12
- Росоман 9
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk