
Брегалница ремизираше со Шкендија Арачиново на „Чаир“ откако одигра 0:0 во рамките на 15. коло на Првата македонска фудбалска лига, со што двете екипи кои имаат свои шанси, не успеаја да реализираат и мораа да се задоволат со бод.
Новиот стратег на „сините“ Џенгис Реџепи ремизираше со деби, а свое деби имаше и 18-годишниот чувар на мрежата Кевин Заов, кој ја сочува чиста својата мрежа.
Шкендија Арачиново стигна до 19 бодови на своето конто и во следното коло ќе гостува кај Скопје во Автокоманда, додека пак Брегалница во слендото коло на домашен терен ќе игра против Силекс.
Време многу за подготовки нема бидејќи 16. коло веќе во вторник и среда и од тука засиленото темпо на натпревари ќе биде предизвик за прволигашите.
Александар Ванев, М-Нет