Брегалница денес ќе јуриша на победа на „градски“ против Работнички

Денес на програмата се натпреварите од вонредното 17 коло во рамките на ПМФЛ. На градскиот стадион во Штип ќе се сретнат екипите на Брегалница и на Работнички. За да опстои Брегалница во горниот дел на табелата денес мора да победи, засега го дели 4 место со Реновa со по 26 бодови но послаба гол разлика.Ранетиот лав секогаш е опасен а Работнички годинава не во најдобриот ритам и се наоѓа на 8 место на табелата со 19 бодови. Традицијата вели дека Работнички отсекогаш бил опасен кога се игра во Штип и затоа треба внимателност во играта кај штипјани за да дојдат до победа и нови 3 бода. Веќе се одредени и официјалните лица за денешниот натпревар, главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга на кого ќе му помагаат Разме Бакрачески, Зоран Јанкуловски и четврти судија Мајан Дејановски. За контролор е делегиран Делчо Јакимовски а Делегат ќе биде Благоја Гешоски. Еве ги комплетните парови за ова 17 коло:

  1. Скопје – Струга ТЛ
  2. Шкупи – Шкендија
  3. Пелистер – Борец
  4. Македонија ЃП – А. Пандев
  5. Ренова – Тиквеш
  6. Брегалница – Работнички

Сите натпревари денес ќе започнат во 13.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk