
Првиот меѓународен турнир после пандемиската година беше мошне успешен и бериќетен за младите борачи на БК Олимпија од Штип. Предводени од тренерите Гордан Здравков и Кире Нисев малата, но одбрана пет члена екипа одлично се престaви во Бугарија со освоени две златни медалји и со пехар за најдобар техничар.
Тренерот на Созопол Бојчо Борисов не го крие задоволството од учеството на Олимпија во Бугарија каде што во конкуренција на преку 200 борачи од 19 клубови постигнаа одлични резултати. За своите тренинзи, боречки искушенија и за тајните боречки вештини со пиетет зборуваат почетните одлични резултати на Андреа Нисева, Леон Стојанов и Мелани Митевска.
Тренерот Кире Нисев накратко ја образложи историјата на клубот, неговата лична карта со првите луѓе Марјан Атанасов и Методи Сичков кои за релативно краток период создадоа услови, реквизити, опрема благодарејќи на добронамерните спонзори и во заедничка соработка со родителите допринесоаа до зголемување на амбициите на клубот и афирмација на младите борачи со кои градот Штип и Република Македонија може слободно дасе гордее.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk