
Боксерите на Пинк Пантер од Штип максимално подготвени утре заминуваат за Зрењанин, Србија, каде со десет натпреварувачи ќе учествуваат во рамки на 5. коло на „Опен Балкан Олимписки надежи“.
Тренерот Петре Чурлиновски за М Нет телевизија истакна дека неговите боксери одлично се подготвиле за предизвиците кои им следуваат во Зрењанин, а нивната цел е да го задржат моменталното водството кое го имаат во есенскиот дел притоа нагласувајќи дека продолжуваат активностите на клубот со натпревари и подготовки. Во пролетниот дел ќе останат да комплетираат уште три кола.
Во Зрењанин боите на штипскиот клуб ќе ги бранат Иса Мемедов, Али Расимов, Езел Шабан, Мухамед Мемедов, Марко Чурлиновски, Ненад Наков, Иса Бајрам, Зулфикра Бајрам, Лазар Димитров и Александар Панов.
„Пантерите“ очекуваат одлични натпревари и со добри резултати да се вратат во Штип, а притоа да ја остварат зацртаната цел со нивниот тренер Чурлиновски, откако претходно завршија на второто место во младинската лига во Македонија.
Александар Ванев, М-Нет