Блокирани уште 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање, целта е заштита на граѓаните и малолетниците

Нов налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа. Со новиот налог, досега во земјава се згаснати вкупно 462 вакви веб страници што работат нелегално. Мерките се насочени кон заштита на граѓаните во интернет-просторот, вклучително и од ризиците поврзани со споделување лични и финансиски податоци на нелегални платформи за игри на среќа. Посебен акцент се става на заштитата на малолетниците и спречувањето на нивната изложеност на онлајн коцкање.

„Нов налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа. Со ова, вкупниот број записи опфатени со досегашните налози за блокирање достигнува 462. Овие мерки се насочени кон заштита на граѓаните во интернет-просторот, вклучително и од ризиците поврзани со споделување лични и финансиски податоци на нелегални платформи за игри на среќа. Посебен акцент се става на заштитата на малолетниците и спречувањето на нивната изложеност на онлајн коцкање.“, информираат од МДТ

Оттаму упатуваат апел до граѓаните да бидат внимателни и да не споделуваат лични и финансиски податоци на непроверени веб-страници. Воедно, ги повикуваме родителите и старателите да посветат дополнително внимание на онлајн активностите на децата и да разговараат со нив за ризиците во интернет просторот.

Министерството за дигитална трансформација велат дека продолжува со преземање мерки во рамките на своите надлежности за сузбивање на нелегалното онлајн приредување игри на среќа и создавање побезбеден интернет-простор за граѓаните.

Иван Митев, М-Нет