Блендираат ли штипјани во сообраќајот кога ќе видат полиција?

Дали штипјани си блендираат со автомобилите кога ќе видат полиција како врши контрола на патот? На терен, повеќето одговорија дека да, кога ќе видат полиција, со светлатао им даваат знак на другите возачи да ја намалат брзината, со цел да не бидат казнети, но и да не дојде до несакана ситуација. Велат тоа е едно непишано правило меѓу возачите, ако едниот види полиција, ги предупредува и другите што доаѓаат. На тој начин, додаваат оти си помагаат меѓусебно, а воедно се внимава и на брзината на патот.

Но, покрај што од една страна повеќето возачи во Штип велат дека си блендираат и си даваат знаци за полиција, од друга страна има и такви кои велат дека не блендираат и дека не даваат знаци, бидејќи како што велат, секој треба да си води ред и грижа во сообраќајот.

Ова непишано правило меѓу возачите се практикува со години, особено на подолги релации, каде што често има полициски контроли. Кога ќе забележат полиција покрај патот, возачите со краток блиц ги предупредуваат оние што доаѓаат од спротивната страна да намалат и да внимаваат.

Иван Митев, М-Нет