„Биди другар, а не насилник“ – предавање на тема булинг спроведено во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип

Предавање на тема булинг денеска беше реализирано во ООУ „Ванчо Прќе“ Штип. Учениците од седмо одделение имаа можност да научат повеќе на оваа тема со цел да не се случува во основните училишта. Под мотото “Биди другар, а не насилник“ ова предавање е предвидено да се реализира во сите пет основни училишта во Штип.

„Ова е тема која е предвидена и согласно програмата за еднакви можности на мажите и жените во Општина Штип за 2024 година. Мотото е „Биди другар, а не насилник“. Наменета е за ученицте од седмите одделенија и досега беа спроведени предавања во две основни училишта. Консултациите покажаа дека возраста од седмо одделение е соодветна на која може овие ученици да слушнат вакви предавања“ – вели Санева.

Во Општина Штип во учебната 2024 – 2025 година нема пријавено случај на булинг во основните училишта, вели Санева. Но тоа не го исклучува фактот дека е застапено само можеби во помали размери. Санева е децидена дека никаква форма на булинг во училиштата не е дозволена и не треба да се толерира.

„Досега во општината нема пријавено случај на булинг во учебната 2024 година. Можеби има некои мали форми и претпоставувам дека е можно тоа, но не во толкав размер. Никаква форма а булиг не е дозволена и не треба да се толерира“ – додава Санева.

Настанот во ООУ „Ванчо Прќе“ е во соработка со СВР Штип, со цел да се спречи појавата на булинг во училиштата меѓу учениците.

Лаура Стојанова М-Нет