Бесплатни заштитни маски се делеа денеска во Штип, како активност на солидарниот фонд

Ветувањата на грдаоначалникот на Општина Штип, Николов, уште од предизборната кампања, денеска почнаа со реализација. Се делеа бесплатни  заштитни маски на случани минувачи на повеќе локации во градот под Исарот, со цел да им се помогне на граѓаните во време на пандемија. Ова е првата активност и на Солидарниот фонд.

„Благодарејќи на приватниот сектор заедно со Солидарниот фонд, од денеска започнуваме со активноста на Солидарниот фонд, Општина Штип ќе дели заштитни маски, бесплатно на секој еден наш сограѓанин во сите урбани и рурални средини.“ – истакна Николов.

Солидарниот фонд е наменет за обезбедување средства за помош на деца до 18 години кои се лечат од тешка болест надвор од државата, и имаат вистинска потреба од овие средства. Но, денеска преку истиот се делеа заштитни бесплатни маски.

„Идејата на делењето на заштитни маски на граѓаните на Општина Штип, начинот на кој што го правиме тоа е не граѓаните да доаѓаат по маски туку маските да дојдат до граѓаните“ – кажа Шарковски.

Активностите ќе се преземаат секој ден со што волонтери ќе делат маски на две локации во центарот на градот и дополнително во една населба, а локацијата ќе биде соопштена претходно, на веб сајтот на општината и страната на градоначалникот.

Николов упати уште еден апел до своите сограѓани да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од Коивд 19, бидејќи не ни е потребен нов Ковид бран.

Лаура Стојанова М-Нет