
Бензинот поскапува за 1 денар по литар, а дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар. Од полноќ нови цени на горивата.
Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите највисоки малопродажни цени на нафтените деривати, кои ќе важат од 1 септември 2026 година.
Најголемо намалување има кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), чија цена се намалува за 6,50 денари за литар. Од полноќ еден литар дизел ќе се продава по максимална цена од 95 денари.
Новите цени се:
ЕУРОСУПЕР БС-95 – 94 денари/литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 96 денари/литар
- ЕУРОДИЗЕЛ – 95 денари/литар
- ЕЛ-1 – 97 денари/литар
Намалување има и кај мазутот М-1 НС, чија цена се намалува за 1,166 денари за килограм, па ќе изнесува 44,410 денари/кг.
Новите цени стапуваат во сила од полноќ.
Ева Тушевска, М-Нет