Без дежурна аптека остануваат граѓаните на Штип, за обично апче одат по роднини и пријатели

Без дежурна аптека по 22 часот остануваат граѓаните на Штип, па за едно обично апче среде ноќ помош бараат кај роднини и пријатели. Наместо веднаш да купат лек, мора да чекаат да се раздени и да се отвори првата аптека. Велат дека навечер најчесто ги фаќа главоболка, забоболка или стомачна болка, па тогаш лекот е навистина потребен. Но во тие часови спас нема, па ноќта ја поминуваат како знаат и умеат. Граѓаните велат, дежурна аптека Штип мора да има.

Дежурна аптека, анкетираните се согласни дека е неопходно барем во Штип да има, исто како во европските држави каде секоја ноќ функционира 24 часовна аптека. Велат дека понекогаш лекот е пет пари, но нема од каде да се купи преку ноќ. Согласни се и повозрасните и помладите дека треба да има дежурство, за да нема револт кај граѓаните.

Иван Митев, М-Нет