
Познати судиите за 21. коло од Првата македонска фудбалска лига, кои ќе ја делат правдата на сите натпревари.
Колото се отвара утре со мечот меѓу Вардар и Беса кој ќе го суди Јован Качевски, в недела во Тетово ќе се соочат Шкендија со Тиквеш, каде ќе им суди Фатмир Бафто, а пак Стојанче Трпчевски ќе им суди на Силекс и Струга Трим Лум.
Игор Стојчевски го доби дербито меѓу Гостивар и Работнички, Благојче Ралевски ќе им суди на Воска Спорт и Брера Струмица, а пак Игор Иванов на Шкупи и Пелистер.
Александар Ванев, М-Нет