
Уништена бандера на влезот во Штип, опасноста за минувачите пред сѐ за возачите кои минуваат по овој регионален пат. Граѓани од населбите Македонка и Балканска со реакција до нашата редакција. Велат дека откако екипи на ЈП „Стипион“ почнале да работат на овој дел од градот ја уништиле бандерата која сега е вистинска опасност за нив. Додаваат дека истата е речиси пресечена на половина и во секој момент може да падне и да повреди некој. Реагирале до надлежните, ама одговор сѐ уште нема, ниту решение на виделина. Апелираат да се преземат мерки пред бандерата да падне и да повреди некој.
За вака настаната ситуација прашавме во ЈП „Стипион“. Директорот, Кирил Зајков, во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека бандерата во ваква состојба е веќе трета година по ред.
„Бандерата не е уништена сега, туку во ваква ситуација се наоѓа веќе трета година по ред. Само сега со расчистување на теренот на излезот од Штип, до израз дојде бандерата. Но, истата не преставува опасност за тамошните граѓани и возачите“ – вели Зајков.
Во меѓувреме истакна дека се работи на расчистување на просторот и проширување на патот.
Лаура Стојанова М-Нет