
Бадникови огнови стара традиција под нови правила. Ќе се палат или не, односно дали треба или не треба е прашање кое различно се толку од страна на граѓаните и на црквата. Во очи на празникот Бадник, односно на 5 јануари се палеа Бадниковите огнови во речиси сите населби и маала. Каква ќе биде сликата утревечер за многумина е неизвесно, но граѓаните на терен во Штип се согласни дека огновите треба да се палат. Анкетираните децидни дека ова како традиција останалао оддамна и токму затоа треба да се практикува и во иднина. Поголем дел од нив додаваат дека во нивното место на живеење се палат огнови пред Бадник.
„Треба, тоа е наш празник и треба да се палат. До лани кај нас се палеа огнови, оваа година не знам како ќе биде.“ – велат граѓаните.
За разлика од граѓаните кои се за палење на бадникови огнови, црквата не ги поддржува истите. Велат ова како традиција во нашата држава е внесено од српскиот фолклор, но не се поддржува бидејќи христовото раѓање не се празнува на достинствен начин.
„Она што ние го имаме овде како практика е тоа што ваквите огнови преминуваат во општи пиенки, во собиранки коишто ние се пеат богоумни песни, разговорите се крајно недолични, а на многу места доаѓа до физички пресметки.“ – вели Арсовски.
Претходната година во дел од населбите во Штип огнови се палеа, а единствено оваа традиција изостана во ковид пандемијата кога беше забрането зарди собирањето на поголема маса луѓе на исто место.
Лаура Стојанова М-Нет