Асфалтирани улиците „Дуго Село“ и „Митрашинска“ во штипската населба Сењак, наскоро нова сообраќајница Каваклија – Порта Пролет

Со нов асфалт и обновена подземна инфраструктура, две улици во населбата Сењак денеска добија комплетно нов лик. Станува збор за улиците Дуго Село и Митрашинска, на кои жителите претходно имаа проблеми со водоснабдувањето и дотраениот асфалт.

Штипскиот градоначалник Иван Јорданов на денешната прес конференција, најави дека уредувањето ќе продолжи и во наредниот период, но посочуви дека зголемените цени на нафтата и материјалите може да влијаат врз динамиката на реализацијата.

„Се врши асфалтирање на две улици во нас. Сењак во Штип. Станвуа збор на ул. Дуго село, која претходно темелно се реконструираше со промена на подземната инфраструктура на водовод и канализација, а денес се нанесува асфалтна маса. Исто така и ул. Митрашинска, која се наоѓа во неспоредна близина на оваа улица и со тоа го заокружуваме денешното асфалтирање. Морам да напоменам дека во агендата и предвидениот план за работа се ставени и други улици, кои ќе бидат исто уредени во периодот кои што ќе следи. Она кое што ќе биде како предизвик е ценовните покачувања на материјалите со кои што се врши практично асфалтирање, покачувањето на цената на нафтата и цената на чинење на асфалтната маса е предизвик, кој што ќе влијае на динамиката на работата, но посакувам сетоа она кое што го имаме во планот да биде завршено.“, вели Јорданов

Во деновите пред нас, Јорданов најави и активности за трасирање на нова сообраќајница, која практично треба да поврзи две постоечки сообраќајици. Станува збор од населбата Каваклија до кружниот тек кај Порта пролет во Штип

„Деновиве ќе започнат активнсоти за трасирање на една нова сообраќајница, која практично треба да поврзи две постоечки сообраќајници, тоа е сообраќајници од населбата Каваклија до кружниот тек кај Порта пролет. Со тоа верувам дека ќе се овозможи побрз проток на возила. Така и ќе продолжиме и поркај ценовните шокови. Она кое што денес сеизведува изнесува нешто помалку од 1 милион денари, пари на општината.“, кажа Јорданов

Јорданов дополнително истакна дека она што е превидено во планот за работа, ќе биде завршено, бидјеќи како што кажа граѓаните тоа го заслужуваат. Локалната самоуправа велио максимално ќе се потруди со сите средства кои ги поседува, со цел одржување на тековна, постоечка, како и создавање на нова инфраструктура.

Иван Митев, М-Нет