Асфалтиран дел од тротоарот на улица Партизанска во Штип

Се врши асфалтирање на дел од тротоарот на улица Партизанска во Штип. Зафатот опфаќа површина од 1.500 метри квадратни, а вредноста на инвестицијата изнесува 1.100.000 денари.Се работи на санација на оштетени и дотраени делови од тротоарот, со цел подобрување на безбедноста за пешаците, особено за повозрасните граѓани кои секојдневно се движат по оваа фреквентна улица.

Од Општина Штип информираат дека активноста е дел од планот за подобрување на пешачката инфраструктура и зголемување на безбедноста за граѓаните. Работите се очекува да завршат во најкус временски период. Општината најавува дека вакви активности ќе продолжат и на други локации во рамки на тековниот градежен сезонски план.Асфалтирањето на тротоарот на улица Партизанска е дел од пошироките инфраструктурни зафати што Општина Штип ги спроведува во текот на оваа градежна сезона. Целта е постепено уредување на сите делови од градот каде постои потреба од санација или реконструкција, со крајна цел – создавање побезбедна, поквалитетна и поуредена урбана средина за сите граѓани.

Иван Митев, М-Нет