
Ракометниот клуб Астибо од Штип ќе се натпреварува во Првата женска лига во сезона 2026/2027, откако се откажа од натпреварување во Супер лигата поради финансиски проблеми. Штипјанки ќе бидат во ранг подолу, а веќе се познати сите екипи кои ќе се натпреваруваат во оваа конкуренција.
Покрај Астибо во прволигашката конкуренција ќе бидат Стружанка, Овче Поле СУ од Свети Николе, Јехона, Струга, Гевгелија Југ и екипата на Шампион.
Поради непарниот број на екипи кои ќе настапат во Првата женска ракометна лига во секое коло ќе има по една слободна екипа.
Познат е и распоредот, а во рамки на првото коло Астибо ќе биде слободен, а ждрепката посака во првата рунда Стружанка да го пречека Овче Поле, Јехона да игра против Струга, а пак Гевгелија Југ да игра против Шампион.
Во рамките на второто коло Астибо ќе игра против Стружанка во гости, Струга ќе го пречека тимот на Гевгелија Југ, а пак Овче Поле против Шампион.
Првиот домашен меч Астибо ќе го игра дури во третото коло кога во Штип ќе гостува Овче Поле од Свети Николе во соседско дерби, каде гостинот ќе бида фаворит за триумф.
Како и во минатата сезона и во новата сезона, шампионот ќе има директен влез во Супер лигата, а пак вториот тим ќе игра бараж против претпоследниот тим од Супер лигата.
Александар Ванев, М-Нет