
Во рамки на 16. коло од плеј-офот на женската ракометна Суперлига екипата на Астибо ја очекува тешко гостува кај апсолутниот фаворит Металург Автокоманда.
Штипските ракометарки против Металург Автокоманда ќе бидат пред речиси невозможна мисија да дојдат до позитивен исход, па така ќе бидат пред соочување да го доживеат 16-тиот пораз во плеј-оф сегментот, додека пак тимот од Автокоманда оди кон 12-тата победа во плеј-офот.
Шампионот Ѓорче Петров ќе игра против Чаир на гостински терен и тоа ќе биде дербито на 16. коло на плеј-офот. „Лавиците“ имаат максимален ефект и доминираа во македонскиот ракомет во женска конкуренција и одат кон максимална 16-та сезонсак победа.
Дерби за четвртото место ќе играат Куманово и Вардар. Двете екипи се израмнети на четвртото место со по девет бодови, па затоа влогот на овој меч и за двете екипи е голем.
Во однос на 10. коло во плеј-аутот дербито ќе го одиграа лидерот Спартак и второпласираниот Пелистер. Деспина како апсолутен фаворит ќе игра со Стружанка, додека пак „фенерџијата“ Шампион ќе игра против Ѓорче Петров 2. Во рамки на ова коло слободна ќе биде екипата на Овче Поле од Свети Николе.
Александар Ванев, М-Нет