Арамијата Мицкоски е цела недела на екскурзија во САД со 50 луѓе а немаше ниту една официјална средба и нема никаков резултат, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, Мицкоски, како што оценуваат, неформален разговор во ходник го прикажува како средба а како најголем „успех“ го претставува 5 милиони долари за антимон.
„Народот не го прашува, сам одлучува.
Поведе делегација од околу 50 луѓе на трошок на граѓаните, за концерт фрлија 5,53 милиони евра народни пари од Лотарија а за отров 5 милиони долари ги претставува како голема инвестиција.
Антимонот не е храна туку метал за воена индустрија.
Од јаловината влегува во почвата, во бунарите, во растенијата.
СЗО има лимит во водата за пиење. Европа таквите ископи ги запира затоа што отровот останува, додека профитот заминува.
Владата на Мицкоски не може чиста вода за пиење да обезбеди, во Гостивар 11 недели не се објавува извештај за водата, во над 50 населени места не се објавува извештај, тие нема да можат водата, почвата и здравјето на луѓето да ги заштитат од штетните последици од ископот и преработката на антимон“.
Ова, додаваат од СДСМ, е распродажба на штета на здравјето на луѓето, не е партнерство.
„Целта се провизиите и диловите, тоа граѓаните веќе многу добро го знаат.
Концертот го платија скапо, богатството на Македонија го распродаваат ефтино, за багателна цена. Разликата е во провизијата.
Македонија не е на продажба“, порачуваат од таму.
Текстот Арамијата Мицкоски е цела недела на екскурзија во САД со 50 луѓе а немаше ниту една официјална средба и нема никаков резултат, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.