
Маркети, аптеки и други потребни деловни простории е предвидено да се отворат во населба Дузлак, во зградите кои ќе никнат на парцелата до Паркот на фармација. Градоначалникот Иван Јорданов вели дека ова е по барање на граѓаните од овој дел од градот, и оваа населба ќе добие урбан и модерен лик, а истовремено и место каде ќе може да се всселат повеќе лица кои би живееле овде.
„Населба Дузлак по барање на жителите и граѓаните ќе добие модерен деловен и станбен комплекс со можност за изградба на маркети аптеки и на други деловини простории која е потребна. Станува збор за парцела која е неурбанизирана е на површина од 3000 метри квадратни и се протега меѓу наслебата Сончев град и Паркот на фармација. Не станува збор за уништување на зелени површини и веќе постоечки парковни површини туку за површина која не е урбанизирана, која според ДУП предвидува изгардба на еден ваков модерен објект кој е барање на жителите од населба Дузлак.“ – вели Јорданов.
Потреба од аптека навистина има, велат граѓаните кои живеат овде ама и денеска се согласни дека немаат потреба од изградба на згради.
Јорданов во оваа прилика истакна дека освен новите три згради, во населба Дузлка ќе се реконструираат улици, а ќе се работи и на доуредување на паркот на фармацијата.
„Освен оваа парцела во населба Дузлак во периодот кој следи ќе се реконструираат неколку улици како што е улица Скопска, Светиниколска, Белградска, а исто така Паркот на фармација ќе добие нови детски и спортски содржини кои се надевам дека ќе ги користат сите генерации“ – додава Јорданов.
Трите парцели веќе се објавени за продажба со намаена А2 домување во станбени згради. За првата парцела објавата трае до 29 март оваа година, а наддавањето е закажано за на 31 март. За другите две парцели објавите се до 4 април, а наддавањето е на 6 април.
Лаура Стојанова М-Нет