
На недела дена пред Нова Година и истекот на законски предвидениот рок за исплата на регрес за годишен одмор, прогнозите се дека оваа година ќе биде најлошо. Согласно инфромациите на Гласен текстилец Штип, ситуацијата е алармантна. Фирмите исплаќаат многу пониски суми К-15, но овде вината делумно се гледа и кај работниците кои потпишуваат спогодби да добијат пониска сума регрес за годишен одмор.
„Годинава ќе биде најлошо во делот на исплата на К-15, некои фирми воопштпо не планирале да исплаќаат К-15, знаеме дека тоа не е возможно, но овде ќе кажам дека вината е делумна и кај работниците низ годините тие постојано се потпишуваат“ – вели Ампева.
Проблемот според Ампева е во колективниуте договори во кои пишува дека фирмите ако имаат загуба во работењето може да исплатат пониска сума на регрес за годишен одмор. Но, не е потенцирани која е најниската сума која може да се исплати, па затоа претходната година има фирми и претпријатија кои на своите работини им исплатија и по 100 денари К-15.
„Од мене една порака до нашите газди, не работодавачи, да се угледаат на правите менаџери кои немаат никогаш проблем да најдат работници бидејќи секогаш исплаќаат плата на време, К-15, не ја кријат прекувремената работа за празник и слично“ – додава Ампева.
Според Ампева работниците треба да се ценат многу повеќе, редовно да им се исплаќаат плати, додатоци, К-15, со цел да се задржат на работа.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет