Александар Ангеловски од село Софилари гради манастир посветен на Св. Јоаким Осоговски

Со макотрпна работа, желба и љубов спрема Бога, Александар Ангеловски од штипското село Софилари гради манастир посветен на Светителот Јоаким Осоговски. Манастирот се гради пред се за да се собереме сите селани, иселеници, роднини и пријатели на истиоимениот празник и да се извидиме и прикажеме, бидејќи животот е еден, истака Ангеловски и додава дека црквата е започнато од земја и со помош Божја истата ќе се направи како што треба да биде.

“Почнавме за изградба на една црква за ова село, а празникот кој го славиме е Св. Јоаким Осоговски, кој го славиме на 28 август вечерта и 29 дента. За да се направе манастирот, за да ги вратиме селаните, бидејќи селото веќе ни е испустено. Помош и ова се што е изградено целото е од моиве раце. Помош имам од Мите-минол и му уптаувам голема благодарност со тоа што човекот ми помага и од уште тројца братучеди кои ми помагаат во овој процес. Црквата ја започнавме од така наречено нула, изградивме темели нови, лани го ставивме крстот, ја осветивме и сега останува да се измачка и потоа да се стави фреската. Си зедовме благослов од владиката”, истакна Ангеловски

На истото место, пред многу години се случувале чуда, по кои ден денеска дрвјата сведочат за историјата од тоа време.

“Овие дрвја како што кажувале нашите стари, па и дедо ми, татко ми, еве и овој брест што е позади нас има некаде околу 200 години икако што знаеа тие, целото дрво е исто и е чудна работа што сите дрвја кој што излегуваат токму на ова место излегуваат на ист принцип така налегнати и така постепено растат. Од селото некој дошол да сече дрвја и велат дека утредента пеплта ја враќал назад со повод дека местото е свето и затоа овде никој не се осмелува да направи таков чин.” , додава Ангеловски

Во време на османлиското робство овде имало црква, но поради тогашниот бег, истата била разрушена до темел.

“Старите наши кажуваа дека имало за време турско, ама истата е бутната и како паметеме ние, тука доваѓавме како деца каде се овде самите камења, палеа се свеќи, се одржуваа некакви собори, ама црква не пометеме да имало некогаш, па затоа е дојдена идејата за да се направи црква токму на ова место.”, додава Ангеловски

Инаку, светиот чудотворец Јоаким Осоговски секогаш се празнува на 29 август, веднаш по празникот Успение на пресвета Богородица и во верата христова тој е претпознатлив по братството помеѓу Свети Јован Рилски, Прохор Пчински и Гаврил Лесновски. Тие биле побратими каде се упатувале накај грдечка испосница и кога дошло време да се посветуваат целосно на Бога тие се разделиле на четири страни, по што Свети Јоаким Осоговски или народски познат како Јаким се упатил кон осоговието.

Лаура Стојанова, М-Нет