
Азер Омерагиќ е петто засилување на Вардар во летниот преоден рок за новата сезона од ПМФЛ.
21 годишниот напаѓач кој потекнува од фудбалска академија на најтрофејниот македонски фудбалски клуб, доаѓа од екипата на Скопје, а во својата досегашна кариера беше дел од и екипите на Хајдук Сплит, Шкупи и Борец.
Во Првата македонска фудбалска лига има забележано 32 настапи.
Вардар новата сезона која започнува викендот ја стартува во Струмица каде ќе гостува кај Брера.