Агресивен напад врз вработена во кочанската полиција

Вчера во Полициската станица Кочани, вработена во Одделот за граѓански работи при МВР во Штип, пријавила дека околу 13.50 часот, додека преземала службени дејствија во станица за технички преглед во Кочани, бил нарушен јавниот ред и мир од страна на Д.С., кој се однесувал агресивно кон неа. Се работи на комплетирање на случајот и против Д.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.