
По деншниот прес од страна на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип и реакцијата од ОО на СДСМ Штип, демант испратија и од Агенцијата за млади и спорт. Во писменото соопштение од таму даваат дополнителни информации за изградбата на затворениот базен во Штип, бидејќи тие се јавуваат како инвеститори на истиот.
„Базенот во општина Штип е почнат да се гради е во 2020 година, со вредност од 38.696.642,00 со вклучен ДДВ , до денес се исплатени 9.753.648,00 со ДДВ, односно само толку средства колку се изведени и градежни позиции. Рокот на изведба, согласно договорот е 18 месеци, но од оправдани причини истиот е продолжен до крајот на 2022 година. Не смееме да заборавиме дека во период кога требаше да се гради базенот во РСМ имавме здравствена криза која не го заобиколи ниту градежниот сектор. Покрај здравствената криза и самиот изведувач има одредени потешкотии при неговото функционирање. Но Агенцијата за млади и спорт и покрај сите оправдани пречки, затворениот пливачки базен ќе го заврши. “ – соопштија од Агенцијата.
Од таму додаваат дека граѓаните на општина Штип, младите и спортските пливачки клубови, како и учениците од основните и средните училишта ќе имаат затворен пливачки базен.
Градбата ќе продолжи во текот на наредниот месец.
Лаура Стојанова М-Нет