Tиквеш со висока победа се врати на лидерската позиција, Кит Го ја „преслуша“ и Победа

Денес се одиграа четирите натпревари со што се комплетираше 10 првенствено коло во ВМФЛ – Исток. Тимот на Кит Го освои мошне драгоцени 3 бода против незгодниот тим на прилепска Победа и полека но сигурно се искачува кон горниот дел на табелата. Тиквеш беше супериорен и извојува висока 5:1 победа против Плачковица со што по една ноќ се врати на челната позиција, се разбира во тандем со Брегалница,ист број на бодови, но подобра гол разлика. Еве ги комплетните резултати од ова 10 коло:

1, Кит Го – Пехчево – Победа 1:0

2. Слога В – Росоман 1:1

3. Тиквеш – Плачковица 5:1

4. Осогово – Кожув 0:0

5. Брегалница – Каменица Саса 3:0

Табела

1. Тиквеш 26 27:4

2. Брегалница 26 26:7

3. Кожув 17

4. Слога В 13

5. Кит Го П 12

6. Осогово 10

7. Победа П 8

8. Каменица С 8

9. Росоман 8

10.Плачковица 6

Во следното 11 коло екипата на Брегалница ќе гостува на Плачковица во Радовиш, додека тимот на Тиквеш ќе патува на меч со Кожув во Гевгелија.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk