Tрет ден по ред се вози со забрана, нерегистрирано возило и без возачка

Tрет ден по ред се вози со забрана, нерегистрирано возило и без возачка , вчера приведени четири лица на територијата на државата. И понатаму од МВР апелираат на големо внимание, возачите да не управуват без возачка и со забрана за управување.

,,Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода четворица, од кои двајца за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија, а едно лице затоа што управувало нерегистрирано возило без дозвола. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.“, велат од МВР

И понатаму од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесат за побезбеден сообраќај.

Иван Митев, М-Нет