
Пожар избувна во куќа на улицата АСНОМ во Штип, при што е причинета само материјална штета. Територијалната противпожарна единица Штип и Итната медицинска помош веднаш интервенирале. Пожарот е изгаснат, а за среќа нема повредени лица.
Според изјавата на командирот на ТППЕ Штип, Благој Ренџов, пожарот бил пријавен околу 11:30 часот на бројот 112, по што е интервенирано со две противпожарни возила и седум пожарникари
„Во 11:30 часот на бројот 112 беше пријавена запалена куќа. Интервениравме со две возила и седум пожарникари и огнот беше локализиран.“, рече Ренџов
Според информациите од терен, опожарена е само една просторија од куќата, а причинета е исклучиво материјална штета.
Иван Митев, М-Нет