Mицкоски: Македонија има повисока куповна моќ со минималната плата споредбено со сите соседни држави, без Грција

Македонија има повисока куповна моќ со минималната плата споредбено со сите соседни држави, освен Грција, рече денес премиерот Христијан Мицкоски во својата изјава. Како што истакна, до моментот Грција има нешто повисока куповна моќ со минималната плата.

„Грција има нешто повисока куповна моќ со минималната плата, а ние имаме повисока од Бугарија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Србија, Косово. Од 27-те земји каде е регулирана минималната плата, ние сме за 10 или 11 од нив со повисока куповна моќ. И да, тоа не е доволно, треба повеќе, не велам не, но тоа е резултат на разговорите и дијалогот меѓу работниците и работодавачите. Владата е тука да го фасилитира тој процес. Ние немаме подготвителни состаноци со овие две страни за Економско-социјалниот совет да изгледа како убава политичка парада. Напротив. Имаме жесток дијалог и така ќе продолжиме да функционираме., рече Мицкоски

Мицкоски и понатаму е согласен минималнта плата да расте, вели дека тие како Влада можат да помогнат само кога ќе има договор помеѓу работовачите и работниците

Дали треба повеќе? Да, треба. Ја сум првиот што тоа ќе го поддржи. Треба да биде најмногу. Ако гледаме од себични причини, Владата може да побара од Собранието минимнална плата од 700 евра и да профитира, но дали бизнисот и економијата тоа можат да го издржат? Тоа е прашање што работниците и работодавачите треба да го одговорат. Затоа ние велиме, во дијалог да си го одговорите тоа прашање, ние само можеме да помогнеме во тој процес, додаде Мицкоски.

Понатаму она што останува е кога ќе се постигне договорот помегу работниците и работодавачите, а Владата да помогне во процесот.

Иван Митев, М-Нет