
Да се остават унесреќените родители за последен пат во тишина и плач да си ги видат своите чеда, апелира и директорот на центарот за управување со крици Стојанче Ангелов. Тој информира дека е невозможно, нехумано, и непотребно сите во исто време да присуствуваат околу телата на починатите. Рече дека на родителите им треба утеха од најблиските кои претходно ќе влезат со нив
– Невозможно е, нехумано и непотребно, сите во исто време да пријдат околу телата на починатите. На родителите им треба утеха од најблиските кои претходно ќе влезат со нив. Но, тагата и болката на родителите, браќата и сестрите, роднините и другарите на настраданите е најголема. Да го оставиме Синодот на МПЦ предводен од Неговото Блаженство г.г. Стефан, поглавар на МПЦ ОА на гробиштата во Кочани, како и свештениците во другите градови и села, непречено да ја одржат погребната церемонија – истакна Ангелов
Ангелов ги замоли сите ужалени граѓани да останат надвор од портите на гробиштата и достоинствено без туркање и загрозување на својата и безбедноста на присутните да оддадат почит на настрааните.
– На влезната капија на гробиштата ќе стојат свештеници од Кочани кои ќе ги пропуштат родителите со нивните најблиски. Ги замолувам останатите ужалени граѓани, да останат надвор од портите на гробиштата. Достоинствено, без туркање и загрозување на својата и безбедноста на присутните да оддадат почит на настраданите. – додава Ангелов
Она што дополнително го истакнува директорот на центарот за управување со кризи Ангелов е дека на самите погреби ќе има распоредени голем број на лекари од итната медицинска помош, како и тимови кои ќе даваат вода за пиење.
Иван Митев, М-Нет