Шкендија со нова победа а Вардар и Ренова ги поделија бодовите

Денес се одиграа натпреварите од вонредното 27 прволигашко коло во кое имаше неколку изненадувања. На Чаир сензационална победа на „фенерџијата“ Беласица која го победи Шкупи, а во Битола Силекс по водството од 0:2 на крајот загуби од Пелистер со резултат 3:2. Еве ги комплетните резултати од ова 27 коло:

1.Македонија ЃП – Борец 2:1

2. Пелистер – Силекс 3:2

3. Шкендија – А. Пандев 1:0

4. Шкупи – Беласица 0:1

5. Струга ТЛ – Работнички 1:1

6. Вардар – Ренова 1:1

Шкендија останува прва со 62 бода, пред Шкупи кој има 49 бодови. На дното е густо, Силекс е на 9 м. со 29 бодови, Ренова и Вардат имаат по 28 бодови на 10 и 11 место а отпишаната Беласица е на последното 12 место со 17 бодови.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk